ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ВО ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ КОИ ПУСТОШАТ ОКОЛУ АНТАЛИЈА И МАРМАРИС

    ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ВО ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ КОИ ПУСТОШАТ ОКОЛУ АНТАЛИЈА И МАРМАРИСВластите се сомневаат дека неколку пожари се подметнати (Фото: АА)

    Повеќе од десет шумски пожари во Турција кои почнаа завчера и вчера и натаму се активни, додека бројот на загинати порасна на четири.

    Еден маж загина во популарното одморалиште Мармарис додека се обидувал да им помогне на пожарникарите, а останатите тројца загинати се жители на Анталија, кои не успеале да избегаат од огнот кој брзо се ширел во околните села.

    Властите отворија истрага поради сомнежите дека неколку пожари кои избувнале источно од Анталија се подметнати. Повредени се повеќе од 130 лица, од кои речиси 60 се на болничко лекување.

    „Сомнително е, зашто огнот почнал во исто време на четири локации“, изјави градоначалникот на Анталија, Мухитин Бочек.

    Силните ветрови и високите температури од над 40 Целзиусови степени го отежнуваат гаснењето, во кое учествуваат авиони, хеликоптери и околу 4.000 пожарникари. Во изминатите два дена, низ Турција се регистрирани повеќе од 60 пожари, од кои 40-ина се ставени под контрола, вклучувајќи го оној во Бодрум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира