ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ВО СУДИР НА ДВА ВОЗА ВО ЧЕШКА

    ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ВО СУДИР НА ДВА ВОЗА ВО ЧЕШКАВо патничкиот воз имало повеќе од 300 патници (Фото: Шатерсток)

    Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени кога патнички воз се судри со товарен воз во чешкиот град Пардубице.

    Најмалку 20 луѓе имаат лесни повреди, а тројца се посериозно повредени во несреќата која се случи синоќа по 23 часот во Пардубице, на главниот железнички коридор од Прага кон истокот на земјата“, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракушан.

    Патничкиот воз патувал од Прага кон словачкиот град Кошице и во него имало повеќе од 300 патници. Снимките што ги објавија чешките сајтови покажуваат дека најмалку еден вагон излетал од шини.

    Товарниот воз превезувал калциум карбид, но првите два вагона биле празни, па нема истекување. Започнавме истрага за несреќата, па засега е рано да се шпекулира што е причината“, изјави министерот за транспорт Мартин Купка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира