ЧЛЕНКИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА НЕ МОЖАТ ДА СЕ ДОГОВОРАТ ШТО ДА ПРАВАТ СО МИГРАНТИТЕ ВО ИДНИНА

    ЧЛЕНКИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА НЕ МОЖАТ ДА СЕ ДОГОВОРАТ ШТО ДА ПРАВАТ СО МИГРАНТИТЕ ВО ИДНИНАМислењата моментално толку се разликуваат што видлив напредок не може да се очекува во скоро време (Фото: ДПА)

    Министрите за надворешни и внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ се сретнаа за да разговараат за иден договор за миграција, но не успеаја да дојдат до никакви резултати или напредок.

    Членките на Унијата расправаат за тоа како да се управува со миграцијата во рамките на блокот, вклучувајќи кој да се занимава со барањата за азил и како да се натераат државите кои не се членки на ЕУ да ги примат назад мигрантите кои нема да добијат дозвола за престој. Европската комисија во септември претстави предлог-договор за миграција, но оттогаш не е направен никаков напредок за да се претвори во закон.

    Граничните членки на Унијата бараат да се сменат правилата за азил, со цел сите држави да го поделат товарот со барањата за азил. Според сегашните правила, првата држава во која влегуваат мигрантите мора да се занимава со барањата за азил.

    Министрите на ЕУ засега не знаат и како да изгледа соработката на овој план со државите кои не се дел од блокот. Според германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, тоа треба да биде според принципот на морков и стап.

    Според изворите од Брисел, мислењата моментално толку се разликуваат што видлив напредок не може да се очекува во скоро време.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира