ЧЛЕНКИТЕ НА Г7 МУ ИЗРАЗИЈА ПОДДРШКА НА ИЗРАЕЛ НА САМИТОТ ВО КАНАДА, ТРАМП СИ ЗАМИНА ПОРАНО

    ЧЛЕНКИТЕ НА Г7 МУ ИЗРАЗИЈА ПОДДРШКА НА ИЗРАЕЛ НА САМИТОТ ВО КАНАДА, ТРАМП СИ ЗАМИНА ПОРАНОГрупата кажа дека Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје (Фото: АП)

    Членките на Г7 му изразија поддршка на Израел на самитот во Канада и го означија Иран како извор на нестабилност на Блиски Исток. Групата се сведе на шест члена откако Доналд Трамп го напушти самитот еден ден порано.

    „Нагласуваме дека Израел има право да се брани и ја изразуваме нашата поддршка за безбедноста на Израел. Иран е главниот извор на регионална нестабилност и терор. Јасно е дека Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје“, кажаа лидерите на Г7 во заедничко соопштение, потпишано и од Трамп.

    Израел го нападна Иран во петокот под изговор дека сака да го спречи да создаде атомска бомба. Иран негира дека тоа е целта на неговата нуклеарна програма.

    Трамп порано го напушти самитот и се врати во Вашингтон поради ситуацијата на Блиски Исток. Тој кажа дека не го интересира примирје, туку целосен крај на конфликтот.

    „Мора да се вратам, многу е важно“, кажа Трамп пред да замине од самитот.

    Тој го предупреди Иран да ја ограничи својата нуклеарна програма пред да биде доцна.

    „Иранските лидери сакаат да зборат, но имаа 60 дена да склучат договор, пред Израел да нападне. Тие мора да постигнат договор“, рече Трамп.

    На самитот на кој учествуваат и лидерите на Канада, Велика Британија, Франција, Италија, Германија и Јапонија ќе се придружи и Володимир Зеленски и шефот на НАТО Марк Руте за да разговараат за руската агресија врз Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира