„ЧУДЕСНА КУЌА“ НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ ЈА ИЗБЕГНА ЛАВАТА ОД ВУЛКАНОТ, КОЈА УНИШТИ 200 ДОМОВИ

    „ЧУДЕСНА КУЌА“ НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ ЈА ИЗБЕГНА ЛАВАТА ОД ВУЛКАНОТ, КОЈА УНИШТИ 200 ДОМОВИКуќата на островот Ла Палма ѝ припаѓа на пензионирана данска двојка (Фото: Фејсбук)

    Драматични фотографии од Канарските Острови прикажуваат куќа која успеала да ја избегне лавата од вулканот кој еруптираше минатиот викенд. Таа се наоѓа на островот Ла Палма и на социјалните мрежи почнаа да ја викаат „чудесна куќа“.

    Повеќе од 200 домови се уништени, а 6.000 луѓе се евакуирани откако во неделата еруптираше вулканот Кумбре Вјеха и научниците не знаат до кога ќе трае неговата активност.

    „Чудесната куќа“ ѝ припаѓа на пензионирана данска двојка, која не ја посетила од почетокот на пандемијата, објави весникот „Ел Мундо“.

    „Ни кажаа дека иако сега не можат да доаѓаат, им олеснило што куќата уште е таму. Тие имаат пријатели во областа кои изгубиле сè во ерупцијата“, изјави Ада Моникендам, која ја изградила куќата заедно со нејзиниот сопруг.

    Лавата на својот пат проголта куќи, базени, училишта и плантажи со банани. Експертите велат дека моментално се движи доста бавно и нејасно е дали ќе стигне до морето. Ова е првата ерупција на вулканот од 1971 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира