„ЧУКНАТО“ ВРЕМЕ ПРЕДИЗВИКА АРКТИКОТ ДА Е ПОТОПОЛ ОД ДЕЛОВИ НА ЕВРОПА

    „ЧУКНАТО“ ВРЕМЕ ПРЕДИЗВИКА АРКТИКОТ ДА Е ПОТОПОЛ ОД ДЕЛОВИ НА ЕВРОПАРим и Ватикан видоа снег за првпат по шест години (Фото: Ројтерс)

    Чудно загревање што се случува околу Северниот Пол испраќа удар на арктички студ низ Европа, што може да биде знак на „чукнато“ време, што во иднина ќе се случува и почесто, како последица на глобалното затоплување, предупредија научниците.

    На северниот врв на Гренланд, метеоролошката станица „Кејп Морис Џесап“ досега во 2018 година измерила рекордни 61 час на температури над точката на замрзнување, што се поврзува со ретко повлекување на морскиот мраз во арктичката зимска темница.

    Берн (Фото: Ројтерс)

    „Никогаш досега не било вака екстремно. Загревањето доаѓа кон Арктикот и од Атлантскиот Океан и од Беринговиот Премин“, вели Рут Мотман од Данскиот метеоролошки институт.

    Во целиот арктички регион, температурите се околу 20 Целзиусови степени над нормалното, на минус осум степени.

    Женева (Фото: Ројтерс)

    Од друга страна, во Рим падна снег за првпат во последните шест години, додека градоначалникот на Брисел нареди засолнување на сите бездомници, бидејќи се очекува температурите да паднат до минус десет во наредните недели.

    Рим (Фото: Ројтерс)

    Погодени од источни сибирски ветрови, во градовите од Варшава до Осло температурите беа пониски од осум степени.

    „‘Чукнато‘ време продолжува со застрашувачки силина и постојаност. Прашање е дали вакво време ќе се повторува почесто“, изјави Ларс Калешке, професор на Универзитетот во Хамбург.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира