ЧУВАЊЕТО ЗАРОБЕНИЦИ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ВЕЌЕ НЕ Е НАШ ПРИОРИТЕТ, ВЕЛАТ КУРДИТЕ

    ЧУВАЊЕТО ЗАРОБЕНИЦИ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ВЕЌЕ НЕ Е НАШ ПРИОРИТЕТ, ВЕЛАТ КУРДИТЕТурските сили вчера го зазедоа и клучниот пограничен град Рас ал-Аин, а Курдите велат дека Исламска држава веќе активираше неколку свои ќелии. (Фото: АП)

    Сириските демократски сили (СДФ) објавија дека чувањето на заробените припадници на Исламска држава нема да биде приоритет ако продолжи турската офанзива во североисточна Сирија. Курдите, кои беа главни сојузници на САД во борбите кои доведоа до пораз на Исламска држава, чуваат илјадници затвореници и нивни семејства, но оваа област е изложена на силни бомбардирања откако во средата почна турската офанзива.

    Повеќе од 50 цивили од двете страни на границата загинале досега.

    „Чувањето заробеници на Исламска држава веќе не е наш приоритет. Ние сега се насочуваме кон заштитата на нашите градови и луѓе. Турската операција го отвора патот за регрупирање на Исламска држава. Таа веќе активираше неколку свои ќелии“, објави СДФ.

    Турција ги смета курдските милиции за терористи и сака да ги избрка подалеку од својата граница и таму да создаде сигурна зона за преселување на два милиона сириски бегалци. Според Обединети нации, повеќе од 100.000 луѓе веќе ги напуштиле своите домови во оваа област, а турските сили вчера го зазедоа и клучниот пограничен град Рас ал-Аин.

    Сириската опсерваторија за човекови права објави дека курдска политичарка е меѓу деветте цивили кои биле убиени во северна Сирија. Генералната секретарка на партијата Идна Сирија Хервин Халаф била убиена од заседа заедно со своите возач и помошник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира