ДАДИЛКА ОД МАКЕДОНИЈА ОСУДЕНА НА 5 ГОДИНИ ЗАТВОР ВО ЛОНДОН ОТКАКО СЕ ОБИДЕЛА 130 ПАТИ ДА ГО НАМЕСТИ БИВШИОТ

    ДАДИЛКА ОД МАКЕДОНИЈА ОСУДЕНА НА 5 ГОДИНИ ЗАТВОР ВО ЛОНДОН ОТКАКО СЕ ОБИДЕЛА 130 ПАТИ ДА ГО НАМЕСТИ БИВШИОТДаневска користела 60 лажни имиња за да го пријавува поранешниот партнер.

    Дадилка од Македонија е осудена на  пет години затвор во Британија откако се обидела повеќе од 130 пати да го намести бившиот за измислени криминални дека, вклучувајќи силување и напад со киселина, јави “Би-Би-Си”.

    38-годишната Сандра Даневска од Хемерсмит, западен Лондон, го следела нејзиниот поранешен партнер и го му направила животот “апсолутна мизерија”.

    Дадилката, дојдена од Македонија, често се врткала околу неговиот дом и му оставала заканувачки пораки на бившиот пред да му ги уништи врските, малтретирајќи ги неговите следни девојки, од кои една била и уапсена по лажна пријава на Даневска.

    Таа ја бомбардирала полицијата со лажни пријави за бившиот партнер Дарко Бариќ да биде истражуван за серија измислени напади, меѓу кои и за напад со нож, пренесува “Дејли Мејл”.

    Даневска четири години се криела од правдата додека полицијата истражувала серија фантастични обвинувања во неколку домови и во хотел во Дорчестер, каде таа чувала деца. Дадилката користела 60 различни имиња за да го пријавува бившиот, а полицијата 42 пати го посетувала неговиот дом.
    Таа вчера беше осудена на пет години затвор во судот во Ајлсворт Краун.

    “Вие сте интелигентна жена, но за жал, сте ја искористиле вашата интелигенција за да му го направите животот на Дарко Бариќ апсолутна мизерија. Сте измачувале две од неговите девојки на сличен начин. Сте имале две куси врски со господинот Бариќ и потоа, како што тој мислел, сте останале пријатели. Но, кога тој почнал да излегува со други девојки, вие сте почнале континуирана кампања против нив”, кажа судијата при изрекување на казната.
    Бариќ еднаш бил повикан на распит поради пријава на Даневска, а една од неговите девојки била уапсена.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари