ДАЈТЕ МИ СЛОБОДА ИЛИ ДАЈТЕ МИ КОВИД-19 – АМЕРИКАНЦИТЕ ПАК ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ

    ДАЈТЕ МИ СЛОБОДА ИЛИ ДАЈТЕ МИ КОВИД-19 – АМЕРИКАНЦИТЕ ПАК ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИЗдравствени работници во Колорадо направија контрапротест, блокирајќи го сообраќајот (Фото: Ројтерс)

    „Исус е мојата вакцина“, „Дајте ми слобода или дајте ми КОВИД-19“, „Дајте ми слобода или дајте ми смрт“, „Мое тело, мој избор, Трамп 2020“ се дел од слоганите што беа истакнати на протестите против рестриктивните мерки во САД, што повторно се одржаа вчера.

    Демонстрации имаше во 20-ина сојузни држави и тие варираа во големина, од неколку десетици луѓе до 2.500, колку што се собраа во Олимпија, главниот град на Вашингтон.

    Во Колорадо, на демонстрантите им се спротивставија неколкумина здравствени работници, кои облечени во униформа го блокираа сообраќајот.

    Организатори на овие протести во најголем дел се конзервативци, приврзаници на Трамп и активисти за оружје.

    „Тие луѓе си ја сакаат земјата и сакаат да се вратат на работа. Животот им е одземен“, кажа Трамп во неделата.

    Дел од сојузните држави почнаа да ги олеснуваат рестрикциите, но во повеќето останува на сила наредбата да се седи дома.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира