ДАНСКА ГИ УКИНА СИТЕ КОРОНАМЕРКИ ЗАШТО ВИРУСОТ ВЕЌЕ НЕ Е ЗАКАНА

    ДАНСКА ГИ УКИНА СИТЕ КОРОНАМЕРКИ ЗАШТО ВИРУСОТ ВЕЌЕ НЕ Е ЗАКАНАДанска се отвори целосно иако и натаму има голем број нови случаи на зараза (Фото: АФП)

    Данска е првата земја од Европската Унија која ги укина сите коронамерки, вклучувајќи носење маска. Ноќните клубови повторно работат, алкохол може да се купи и во доцните часови и веќе не е потребна апликацијата за следење контакти при влез во затворени места.

    Иако бројот на нови случаи на зараза и натаму е висок, властите велат дека вирусот веќе не се смета за критична закана. Експертите сметаат дека ова се должи на високата стапка на вакцинација.

    „Имаме екстремно голема покриеност на возрасното население со три дози. Бидејќи омикрон не се смета за сериозна закана за вакцинираните, веруваме дека е разумно да се укинат рестрикциите“, изјави епидемиологот Лоне Симонсен.

    Од денеска, веќе не мора да се носи маска во продавници, ресторани и јавен превоз, а укинато е и правилото за социјално дистанцирање. На сила остануваат некои ретки ограничувања, кои се однесуваат на невакцинираните.

    „Добро утро на целата отворена Данска“, напиша премиерката Мете Фредериксен на Фејсбук и им се заблагодари на граѓаните што се вакцинирале.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира