ДАНСКА ЌЕ УБИЕ 17 МИЛИОНИ НУТРИИ ОТКАКО 214 ЛУЃЕ СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО ВЕРЗИИ НА КОРОНАВИРУС ПОВРЗАНИ СО ОВИЕ ЖИВОТНИ

    ДАНСКА ЌЕ УБИЕ 17 МИЛИОНИ НУТРИИ ОТКАКО 214 ЛУЃЕ СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО ВЕРЗИИ НА КОРОНАВИРУС ПОВРЗАНИ СО ОВИЕ ЖИВОТНИДанска е најголемиот светски производител на крзно од нутрии (Фото: Ројтерс)

    Над 200 Данци се заразиле со верзии на коронавирусот што се поврзуваат со нутрии, поради што земјата најави дека ќе усмрти милиони примероци од овие животни, кои се одгледуваат поради нивното скапоцено крзно.

    Државниот институт за серуми, кој се справува со заразни болести, објави дека овие верзии на вирусот се пронајдени кај 214 луѓе од јуни. Конкретната мутација поради која ќе бидат усмртени 17 милиони нутрии е пронајдена кај само 12 луѓе.

    Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека мутираниот вирус претставува закана за ефективноста на идни вакцини против ковид-19.

    Ситуацијата е многу, многу сериозна. Имаме голема одговорност кон нашето население, но со откриените мутации, имаме уште поголема одговорност кон остатокот на светот“, кажа Фредериксен.

    Данска е најголемиот светски производител на крзно од нутрии, кое на големо го извезува во Кина и Хонгконг. Случаи на коронавирус претходно се пронајдени и на фарми на нутрии во Холандија и Шпанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира