ДАНСКАТА ВЛАДА ПОСТИГНА ДОГОВОР ЗА ЗАБРАНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА СИТЕ ПОД 15 ГОДИНИ

    ДАНСКАТА ВЛАДА ПОСТИГНА ДОГОВОР ЗА ЗАБРАНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА СИТЕ ПОД 15 ГОДИНИКаролин Стаге, министерката за дигитални работи на Данска, рече дека 94% од данските деца под 13 години имаат профил на барем една социјална мрежа (Фото: АП)

    Данската влада објави дека постигнала договор за забрана на социјалните мрежи за сите под 15 години, засилувајќи го притисокот врз големите технолошки компании. Овој потег би им дал право на некои родители да им дозволат на своите деца пристап до социјалните медиуми од 13-годишна возраст.

    Засега не е јасно како ќе се спроведе таквата забрана. Официјални лица и експерти велат дека ваквите ограничувања не секогаш функционираат.

    Во секој случај, ова би бил еден од најсеопфатните чекори од страна на влада од Европска Унија за ограничување на употребата на социјалните медиуми кај тинејџерите и помладите деца.

    Каролин Стаге, министерката за дигитални работи на Данска, рече дека 94% од данските деца под 13 години имаат профил на барем една социјална мрежа, како и повеќе од половина од оние под 10 години.

    Количината на време што го поминуваат на интернет и количината на насилство и самоповредување на кои притоа се изложени е едноставно преголем ризик за нашите деца. Технолошките гиганти имаат апсурдно многу пари на располагање, но едноставно не се подготвени да инвестираат во безбедноста на нашите деца и сите нас“, кажа Стаге.

    Таа рече дека забраната нема да стапи во сила веднаш. На пратениците кои се залагаат за ова веројатно ќе им требаат месеци за да донесат релевантно законодавство.

    Данските власти не кажаа како би се спроведувала забраната во свет каде што милиони деца имаат лесен пристап до екрани. Но, Стаге истакна дека речиси сите дански граѓани над 13 години имаат електронска лична карта и планираат да постават апликација за проверка на возраста. Неколку други земји од ЕУ тестираат вакви апликации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира