ДЕЈСТВУВАЈТЕ СЕГА, ИДИОТИ! – НАУЧНИЦИТЕ ГО УПАТИЈА ПОСЛЕДНИОТ ПОВИК ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПОРАСТОТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

    ДЕЈСТВУВАЈТЕ СЕГА, ИДИОТИ! – НАУЧНИЦИТЕ ГО УПАТИЈА ПОСЛЕДНИОТ ПОВИК ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПОРАСТОТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕАко не се промени нешто, научниците предвидуваат дека критичната точка ќе биде достигната во 2030 година (Фото: Гети)

    „Ова е последен повик“, велат научниците, упатувајќи го досега најсериозното предупредување околу глобалниот пораст на температурите.

    Тие велат дека е неопходно овој пораст да се задржи под 1,5 Целзиусови степени, но бидејќи ситуацијата во светот е надвор од контрола, тој се движи кон три степени. За да остане под 1,5 степени, потребни се итни, далекусежни и досега невидени промени во сите аспекти на општеството.

    Тоа ќе биде многу скапо, но шансите сѐ уште постојат, се вели во извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, направен по тригодишно истражување.

    „Ограничувањето на порастот на 1,5 степени ќе има многу поголеми придобивки во споредба со ограничувањето на два степени. Тоа навистина ќе го намали влијанието на климатските промени на многу начини. Ако сакаме да го постигнеме тоа, мора да направиме досега невидени промени, од енергетските системи, преку начинот на обработување земја до транспортот. Научниците би сакале да го напишат тоа со големи букви: ДЕЈСТВУВАЈТЕ СЕГА, ИДИОТИ!, но тие сакаат да зборуваат со факти и бројки. И тие го прават тоа“, вели Кајса Косонен од организацијата „Гринпис“, која го набљудуваше проектот.

    Новата студија покажа дека ако се надмине порастот од 1,5 степени, тоа ќе ја доведе во ризик одржливоста на планетата, а тоа би можело да се случи за само 12 години, во 2030 година. За да се избегне тоа, потребни се многу пари секоја година, околу 2,5% од глобалниот бруто домашен производ во наредните две децении.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира