ДЕЛ ОД ИСЧЕЗНАТИТЕ ПЛАНИНАРИ НА ХИМАЛАИ ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ

    ДЕЛ ОД ИСЧЕЗНАТИТЕ ПЛАНИНАРИ НА ХИМАЛАИ ПРОНАЈДЕНИ МРТВИГрупата исчезнала на 26 мај при искачувањето на вториот највисок врв во Индија, Нанда Деви (Фото: Гети)

    Пет тела се лоцирани при хеликоптерската потрага по исчезнатите планинари во индискиот дел на Хималаи, изјави извор од војската.

    Четворица Британци, двајца Американци, Австралиец и Индиец ја сочинуваа групата која исчезна при искачувањето на вториот највисок врв во Индија, Нанда Деви (7.816 метри). Последен контакт со нив беше остварен на 26 мај.

    „Тие се пронајдени на истата маршрута по којашто тргнале да се искачуваат. Шансите дека ќе најдеме преживеани се рамни на нула“, кажа изворот за агенцијата АФП.

    Регионот на Нанда Деви бил погоден од неколку силни лавини во изминатиот период и се верува дека во една од нив настрадале и планинарите, кои биле дел од поголема група. Четворица планинари беа спасени викендов, по што и самите се вклучија во потрагата.

    „Властите се обидуваат да ги извлечат телата, но станува збор за тешко пристапен терен“, објави дописникот на Би-Би-Си од Мумбај.

    Меѓу исчезнатите е и Шкотланѓанецот Мартин Моран, кој досега има организирано многу тури на Хималаи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира