ДЕЛОВИ ОД СИДНЕЈ ОДАТ ВО КАРАНТИН ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ИНДИСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ

    ДЕЛОВИ ОД СИДНЕЈ ОДАТ ВО КАРАНТИН ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ИНДИСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТОва е прв карантин и најзначајно ширење на коронавирусот во Сиднеј од декември (Фото: Гети)

    Централниот и источниот дел на Сиднеј, што ја вклучува и прославената плажа Бонди, ќе бидат ставени во карантин поради зголемениот број нови случаи на коронавирус. Мерката ќе опфати повеќе од еден милион луѓе.

    Најнаселениот град во Австралија се обидува да го скроти ширењето на високо преносливата индиска или делта варијанта. Денеска се потврдени 17 нови случаи, со што кластерот за големи на 65.

    Ова е прв карантин и најзначајно ширење на коронавирусот во Сиднеј од декември. Кластерот се создал на плажата Бонди минатата недела и оттаму се проширил кон центарот. Наредбата да се седи дома ќе ги погоди центарот на градот и внатрешните предградија, како и крајбрежните предградија на истокот.

    „Не сакаме оваа ситуација да се одолжи со недели. Сакаме ова да заврши што поскоро. Медицинските експерти веруваат дека засега нема потреба целиот град да оди во карантин“, изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан.

    Карантинот почнува на полноќ по локално време и ќе трае најмалку до 2 јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира