ДЕМОНСТРАНТИТЕ ФОРМИРАА ЗНАМЕ НА ЕУ НА 27. ДЕН ОД ПРОТЕСТИТЕ ВО РОМАНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Букурешт,(АП)

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ФОРМИРАА ЗНАМЕ НА ЕУ НА 27. ДЕН ОД ПРОТЕСТИТЕ ВО РОМАНИЈА

    Илјадници Романци одржаа уште еден антивладин протест, овојпат стоејќи заедно за да формираат знаме на Европската унија како знак на поддршка на блокот и неговите вредности.

    Демонстрантите се собраа на Плоштадот на победата во Букурешт 27. последователен ден за да протестираат против владата. Тие скандираа „Оставка!“ и „Крадци!“, пред да застанат во форма на знамето на ЕУ со 12 жолти ѕвезди на сина позадина.

    Полицијата ги имаше затворено улиците коишто водат до владината зграда. Романците протестираат секоја вечер откако властите донесоа и потоа повлекоа закон со кој се намалуваат казните за одредени дела.
    Во саботата, илјадници луѓе се собраа на провладин собир во јужна Романија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира