ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО РУСИЈА ПО МАСАКРОТ ВО КОНЦЕРТНА САЛА БЛИЗУ МОСКВА, ИСЛАМСКА ДРЖАВА ОБЈАВИ ВИДЕО ОД НАПАДОТ

    ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО РУСИЈА ПО МАСАКРОТ ВО КОНЦЕРТНА САЛА БЛИЗУ МОСКВА, ИСЛАМСКА ДРЖАВА ОБЈАВИ ВИДЕО ОД НАПАДОТПовеќе од 140 луѓе се ранети, од кои 16 се во критична состојба (Фото: АП)

    Во Русија денеска е ден на жалост во чест на 133 луѓе убиени во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ близу Москва во петокот. Повеќе од 140 се ранети, од кои 16 се во критична состојба, откако вооружени лица упаднаа во преполната сала и пукаа наоколу во луѓето кои чекаа да почне концерт.

    Исламска држава тврди дека стои зад нападот. На својот канал на Телеграм вчера објави фотографија од четворица маскирани мажи за кои тврди дека го извршиле нападот. Дополнително објави и видеоснимка од нападот, на која се гледа како еден напаѓач пука во луѓето.

    Руските власти кажаа дека терористите употребиле запалива течност за да предизвикаат пожар, поради што многумина од жртвите починале од задушување, а дел од покривот на салата се урна.

    Владимир Путин вчера изјави дека се уапсени сите четворица напаѓачи, наводно додека се обидувале да избегаат во Украина. Во своето видеообраќање, тој воопшто не ја спомна Исламска држава. Киев како апсурдни ги отфрли обвинувањата дека е вмашен во нападот на кој било начин.

    Владимир Путин се чини сака да ја обвини Украина за нападот. Место да се солидаризира со граѓаните на Русија, тој размислува како да го префрли ова на Украина“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Нападот се случи две недели откако американската амбасада во Русија предупреди дека екстремисти планираат напад во Москва и Белата куќа кажа дека го известила Кремљ за ова, но биле игнорирани.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира