ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ БУГАРИ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА И БАРААТ ОСТАВКА НА ВЛАДАТА

    ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ БУГАРИ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА И БАРААТ ОСТАВКА НА ВЛАДАТАПротестите во Бугарија стануваат сѐ поголеми (Фото: Фејсбук)

    Десетици илјади бугарски граѓани вечерва излегоа на нов протест против владата и нејзиниот неуспех да се справи со ендемската корупција во најсиромашната членка на Европска Унија. Протестите во Софија и во десетици други градови се последните во серија демонстрации во пресрет на прифаќањето на еврото на 1 јануари, при што, според бугарските медиуми, стануваат сѐ поголеми.

    Демонстрантите собрани пред зградата на парламентот во центарот на Софија побараа оставка од премиерот Росен Жељазков и нови, фер избори.

    Мислам дека енергијата на народот постепено ќе ја принуди владата да поднесе оставка зашто се потребни многу реформи, пред сѐ, судски“, кажа еден 64-годишен демонстрант.

    Бугарскиот парламент утре повторно ќе гласа за доверба на владата, шесто откако Жељазков стана премиер на 15 јануари оваа година. Минатата недела, владата под притисок на масовните протести го повлече предложениот буџет за 2026, прв изработен во евра.

    Претседателот Румен Радев исто така ја повика владата да поднесе оставка. Бугарската новинска агенција БТА денеска објави дека Бојко Борисов, поранешен премиер и лидер на владејачката партија ГЕРБ, изјавил дека партнерите во владејачката коалиција се согласиле да не поднесуваат оставка пред Бугарија да се приклучи на еврозоната на 1 јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира