Десетици пратеници тепаа во турскиот парламент за време на расправата за опозициски пратеник кој е во затвор и на кого оваа година му беше одземен парламентарниот имунитет. Во 30-минутната мешаница двајца пратеници беа повредени, а седницата беше прекината.
Пратениците подоцна се вратија за да гласаат, при што беше одбиено барањето на опозицијата да му се обнови мандатот на адвокатот и активист за граѓански права Џан Аталај, Тој беше избран за пратеник лани откако водеше кампања од затвор.
Хаосот во парламентот настана откако пратеникот на владејачката АКП Алпај Озалан му се нафрли на пратеникот на левичарската Работничка лартија, Ахмет Шик, кој го осуди владиниот третман на Аталај. Откако Шик кажа дека најголемите терористи во земјата седат во парламентот, Озалан отиде до говорницата и го турна на земја. Додека беше долу, Шик беше удиран од повеќе пратеници на АКП, објави новинар на агенцијата „Франс прес“, кој беше присутен во салата.
Во општата тепачка, двајца пратеници се здобија со повреди на главата, а вработените во парламентот беа снимени како чистат крв од подот.
Аталај е еден од седумтемина обвинети кои добија 18 години затвор на контроверзно судење во 2022.