Околу 10 луѓе се под урнатините, по експлозијата што предизвика уривање на две станбени згради во јужниот француски град Марсеј, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин. Причината за експлозијата уште не е позната.
Колапсот предизвика пожар што ги комплицираше спасувачките напори, а Дарманин рече дека може да бидат потребни часови за да се изгасне. Тој рече дека властите проценуваат оти има меѓу четири и 10 луѓе под урнатините.
Пет лица се пренесени во болница со сериозни, но не опасни по живот повреди, а шестото лице е згрижено од шок, додаде тој.
Третата зграда се урна делумно, а евакуирани се луѓето од околу 30 згради во областа.
За зградите што се урнаа на улицата Тиволи не се знае дали имале никакви структурни проблеми, рече Дарманин.