ДЕЦАТА ВО ИЗРАЕЛ ПОВТОРНО ЌЕ УЧАТ ВО НОРМАЛНИ КЛАСОВИ ПО УСПЕШНОТО ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19

    ДЕЦАТА ВО ИЗРАЕЛ ПОВТОРНО ЌЕ УЧАТ ВО НОРМАЛНИ КЛАСОВИ ПО УСПЕШНОТО ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19Децата во Израел досега беа поделени во мали групи во училиште (Фото: АП)

    Израелската влада донесе одлука за целосно отворање на училиштата, четири месеци откако ја почна програмата за имунизација против ковид-19, која се смета за една од најуспешните на светот. Место во мали групи, предавањата повторно ќе се одвиваат во нормални класови.

    „Во исто време, ќе биде воведен систем за набљудување, со цел брзо да се откријат случаи на зараза“, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

    Од почетокот на вакцинирањето во Израел на 9 декември, бројот на новозаразени и сериозно болни од ковид-19 е во голем пад, а властите почнаа постепено да ги олеснуваат рестрикциите.

    Повеќе од половина од израелското население е целосно вакцинирано, а програмата ги опфати и средношколците од 16 до 18 години. Здравствените власти најавуваат дека возрасната граница за вакцинирање ќе биде спуштена до 12 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира