ЏО БАЈДЕН ЌЕ БИДЕ 46. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

    ЏО БАЈДЕН ЌЕ БИДЕ 46. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САДБајден освои најмногу гласови во историјата на изборите во САД (Фото: Ројтерс)

    Џо Бајден ќе биде 46. претседател на САД, објавија светските медиуми,  откако Пенсилванија прогласи негова победа.

    Иако неколку сојузни држави сѐ уште ги немаат објавено резултатите од гласањето, победата во Пенсилванија му носи 20 електорски гласови, доволно за да го надмине прагот од потребните 270. На национално ниво, тој досега има освоено над четири милиони гласови повеќе од Доналд Трамп.

    Бајден ќе има 78 години на инаугурацијата, со што ќе биде најстариот претседател во историјата на САД. Тој се враќа во Белата куќа после четири години, откако претходно беше потпретседател во двата мандата на Барак Обама.

    Истовремено, Камала Харис ќе биде прва жена на функцијата потпретседател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира