ЏО БАЈДЕН ЌЕ ГО УНИШТИ АМЕРИКАНСКИОТ СОН АКО ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, КАЖА ТРАМП ОТКАКО ЈА ПРИФАТИ НОМИНАЦИЈАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

    ЏО БАЈДЕН ЌЕ ГО УНИШТИ АМЕРИКАНСКИОТ СОН АКО ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, КАЖА ТРАМП ОТКАКО ЈА ПРИФАТИ НОМИНАЦИЈАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛТрамп кажа дека ова се најважните избори во американската историја (Фото: АП)

    Доналд Трамп предупреди дека Џо Бајден ќе го уништи американскиот сон доколку победи на претседателските избори во ноември. Зборувајќи на последната вечер од четиридневната конвенција на Републиканската партија, Трамп го опиша неговиот ривал како „уништувач на американската големина“.

    „Ова се најважните избори во американската историја. Џо Бајден е опасност по безбедноста и економската добросостојба на земјата“, кажа Трамп пред 1.500 свои приврзаници.

    Прифаќајќи ја партиската номинација, Трамп побара од гласачите уште еден четиригодишен мандат, ветувајќи дека ќе стави крај на пандемијата на коронавирусот и на граѓанските немири предизвикани од полициската бруталност врз Афроамериканците.

    „Овие избори ќе решат дали ќе го спасиме американскиот сон или ќе дозволиме социјалистичка агенда да ја уништи нашата негувана судбина. Вашиот глас ќе реши дали ќе ги заштитиме Американците кои го почитуваат законот или ќе дадеме слобода на насилни анархисти, агитатори и криминалци кои им се закануваат на нашите граѓани. Како можете да им дозволите на Демократите да владеат со земјата кога тие потрошија толку многу време на тоа да ја растргнат“, изјави Трамп.

    Последните анкети му даваат едноцифрена предност на Бајден на помалку од 70 дена до изборите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира