БОРИС ЏОНСОН Е ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА, ТОЈ Е ГОЛЕМ БОРЕЦ, ЌЕ СЕ ИЗВЛЕЧЕ, ОБЈАВИ БРИТАНСКАТА ВЛАДА

    БОРИС ЏОНСОН Е ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА, ТОЈ Е ГОЛЕМ БОРЕЦ, ЌЕ СЕ ИЗВЛЕЧЕ, ОБЈАВИ БРИТАНСКАТА ВЛАДАЏонсон од синоќа е на интензивна нега, но не е приклучен на респиратор (Фото: Гети)

    Британскиот премиер Борис Џонсон е во стабилна состојба и прима стандарден третман со кислород, информираше министерот за надворешни работи Доминик Раб.

    „Сигурен сум дека тој ќе се извлече бидејќи ако нешто знам за нашиот премиер, тоа е дека е голем борец. Неговата болест ги шокираше сите во кабинетот. Тој не е само наш шеф, туку и колега и пријател“, изјави Раб, кој раководи со владата во отсуство на Џонсон.

    Џонсон (55) синоќа беше префрлен на интензивна нега во лондонската болница „Сент Томас“ откако му се влошиле симптомите на коронавирусот. Од владиниот кабинет кажаа дека тој е свесен, во добро расположение и не е приклучен на респиратор.

    „Џонсон ја има најдобрата можна грижа од извонреден лекарски тим. Сите му посакуваат брзо заздравување“, додаде Раб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира