ЏОНСОН ЌЕ ИМ ДОЗВОЛИ НА БРИТАНЦИТЕ ДА СЕ ГУШКААТ ВО СЛЕДНАТА ФАЗА ОД ОЛЕСНУВАЊЕТО НА КОРОНАМЕРКИТЕ

    ЏОНСОН ЌЕ ИМ ДОЗВОЛИ НА БРИТАНЦИТЕ ДА СЕ ГУШКААТ ВО СЛЕДНАТА ФАЗА ОД ОЛЕСНУВАЊЕТО НА КОРОНАМЕРКИТЕБаровите и културните установи од 17 мај ќе смеат да работат и во затворено (Фото: Гети)

    Роднини и пријатели повторно ќе смеат да се гушкаат и да се мешаат на отворено од идната недела, а баровите, кината и театрите ќе бидат целосно отворени во следната фаза од укинувањето на рестриктивните мерки во Велика Британија, и покрај грижите околу појавата на новиот индиски сој. Научниците предупредија дека бројот на нови случаи на коронавирус се удвоил во некои области, каде што е забележана оваа нова варијанта.

    На денешната прес-конференција, премиерот Борис Џонсон ќе прогласи успех на програмата за имунизација против ковид-19, откако две третини од возрасното население примиле една доза, а една третина е целосно вакцинирана. Вчера биле регистрирани само два смртни случаи од ковид-19.

    Следната фаза од олеснувањето на коронамерките почнува на 17 мај, кога се отвораат културните установи и сместувачките капацитети, а на луѓето од две различни домаќинства ќе им биде дозволено да седат во ресторан и бар во затворено. Планирано е да се обноват и меѓународни патувања, при што некои дестинации ќе добијат зелено светло, како Австралија, Нов Зеланд и Израел.

    Домашните експерти велат дека земјата успешно се справила со британскиот сој на коронавирусот, но нови непријатности создава индиската варијанта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира