Џорџ и Амал Клуни очекуваат близнаци кои треба да се родат во јуни, изјави Џули Чен, водителка на шоуто „Ток“ на Си-Би-Ес. Џорџ Клуни ѝ кажал на Чен на крајот на јануари дека сопругата, адвокатка за човекови права, е бремена, рече таа.
Веста на Клуни следи откако Бијонсе и Џеј Зи минатата недела објавија дека очекуваат близнаци.
Публицистот на Клуни не беше достапен за коментар. Близнаците ќе бидат првите деца за двојката Клуни, која се венча во 2014.