ДИРЕКТОРОТ НА НИСАН ИЗБЕГА ОД ДОМАШЕН ПРИТВОР ВО ЈАПОНИЈА

    ДИРЕКТОРОТ НА НИСАН ИЗБЕГА ОД ДОМАШЕН ПРИТВОР ВО ЈАПОНИЈАКарлос Гон, обвинет за финансиски криминал, тврди дека не избегал од правдата, туку од политички прогон. (Фото: Гети)

    Поранешниот директор на Нисан Карлос Гон избега во Либан од Јапонија, каде што го чекаше судење за финансиски криминал. Во соопштение, Гон кажа дека не избегал од правдата, туку од политички прогон.

    Засега е нејасно како тој успеал да избега, бидејќи мерките на претпазливост вклучуваа 24-часовен надзор на влезната врата во неговиот апартман, а пасошите му беа одземени. Има забрана да контактира со сопругата и да го напушта апартманот во Токио без специјална дозвола од судот.

    65-годишниот Гон, кој беше една од најмоќните личности во автомобилскиот бизнис, е роден во Бразил, но неговите родители имаат либанско потекло и тој израсна во Бејрут, пред да оди да студира во Франција. Има француски, бразилски и либански пасош.

    Гон беше уапсен во ноември 2018 година и помина повеќе од три месеци во притвор, но негира каква било вина. Судењето требаше да почне во 2020 година. Јапонија и Либан немаат договор за екстрадиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира