ДО ЗАОЃАЊЕТО НА СОНЦЕТО ЌЕ ЗАПРЕ ИНВАЗИЈАТА НА АМЕРИКА, КАЖА ТРАМП И НАЈАВИ БРЗИ МЕРКИ ПРОТИВ ИМИГРАЦИЈАТА

    ДО ЗАОЃАЊЕТО НА СОНЦЕТО ЌЕ ЗАПРЕ ИНВАЗИЈАТА НА АМЕРИКА, КАЖА ТРАМП И НАЈАВИ БРЗИ МЕРКИ ПРОТИВ ИМИГРАЦИЈАТАТрамп танцуваше со „Вилиџ пипл“ на големиот собир на неговите поддржувачи во Вашингтон (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека ќе воведе сериозни ограничувања за имиграцијата на првиот ден на претседателската функција, најавувајќи брзо исполнување на централното ветување од својата кампања.

    До заоѓањето на сонцето утре инвазијата на нашата земја ќе запре“, кажа Трамп на големиот собир на неговите поддржувачи во Вашингтон, кој се одржа во пресрет на неговата денешна инаугурација.

    Тој го повтори своето ветување дека ќе ја почне најголемата депортација во историјата на САД, што ќе опфати милиони имигранти. Сепак, за операција од такви размери би требале неколку години и милијарди долари, велат експертите.

    Извор од тимот на Трамп кажа дека безбедноста на границите ќе има значајно место во неговите први изврши наредби. Тоа вклучува означување на наркокартелите како странски терористички организации, прогласување вонредна состојба на американско-мексиканската граница и воведување на политиката „Останете во Мексико“, која би ги принудила немексиканските баратели на азил да чекаат во Мексико додека не добијат датум за судско рочиште во САД.

    Трамп исто така вети дека ќе го укине правото на автоматско државјанство за секого кој е роден во САД, иако овој потег би можел да наиде на сериозни пречки.

    Мерките за безбедност на границата што ќе ги наведам во моето инаугуративно обраќање ќе бидат најагресивните и брзи чекори за обновување на нашите граници што светот некогаш ги видел“, порача Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира