Иранскиот врховен верски водач, ајатолахот Али Хамнеи, ја отфрли можноста за политички договор со САД под водство на претседателот Доналд Трамп, во денешното обраќање емитувано на државната телевизија. Проблемите беа нерешливи и повеќе не се однесуваат само на обвинувања против Иран, како што се поддршка на тероризмот и кршење на човековите права, но САД сега бараат послушност и капитулација, рече Хамнеи.
„Иранскиот народ ќе се спротивстави на ова гнасно барање со целосна решителност“, рече тој.
Трамп, го „поттикна“ и Израел и го поддржа во нападот врз Иран за да се наметнат политички промени, но двајцата беа изненадени кога открија дека Иран се брани достоинствено, рече Хамнеи.
Врховниот водач на Иран, кој го има последниот збор за сите стратешки прашања, ретко се појавуваше во јавноста откако Израел во јуни. нападна нуклеарни постројки низ целата земја. Набљудувачите веруваат дека тој се крил во бункер за да избегне израелски обид за атентат.
Хамнеи тврди дека Иран победил во кратката војна, иако важни нуклеарни и воени објекти биле оштетени или дури уништени. Статусот на разговорите со САД за нуклеарната програма на Иран останува нејасен.
Реформаторите, вклучувајќи го претседателот Масуд Пезешкијан и неговата влада, не ја исклучија можноста за продолжување на преговорите, но тврдокорните во парламентот се силно против, откако САД фрлија бомби за уништување бункери врз клучните ирански нуклеарни објекти за време на 12-дневната војна. Набљудувачите веруваат дека Хамнеи во суптина не е против разговорите, но ги отфрла условите на Трамп.
Ако разговорите не продолжат, Иран се соочува со зголемени санкции што би можеле да ја погодат веќе уништена економија на змејата. Обновен израелски напад останува можност. Во меѓувреме, земјата се соочува со недостиг на енергија и вода што би можело да доведе до немири, сметаат набљудувачите.