ДОГОВОРИВМЕ 90% ОД МИРОВЕН ПЛАН ОД 20 ТОЧКИ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ПО СРЕДБАТА СО ТРАМП ВО ФЛОРИДА

    ДОГОВОРИВМЕ 90% ОД МИРОВЕН ПЛАН ОД 20 ТОЧКИ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ПО СРЕДБАТА СО ТРАМП ВО ФЛОРИДАПредлогот за претворање на Донбас во демилитаризирана зона останува нерешен (Фото: АП)

    Доналд Трамп и Володимир Зеленски кажаа дека направиле прогрес во напорите да се заврши војната во Украина, но „остануваат едно-две спорни прашања“. Иако двајцата ги опишаа разговорите во Флорида како одлични, Трамп повтори дека клучното проблематично прашање е територија.

    По разговорите во Мар-а-Лаго, Зеленски изјави дека договориле 90% од мировен план од 20 точки, додека Трамп кажа дека безбедносните гаранции за Украина се договорени 95%. Зеленски потоа кажа дека американските и украинските преговарачи повторно ќе се сретнат следната недела со цел да се стави крај на речиси четиригодишната војна.

    Имавме суштински разговор за сите прашања и високо го цениме напредокот што го постигнаа украинските и американските тимови во изминатите недели“, рече Зеленски.

    Предлогот за претворање на регионот Донбас во демилитаризирана зона останува нерешен, додаде Трамп.

    „Тоа е многу тешко прашање што останува да се реши. Дел од таа земја е земен. Дел од таа земја можеби е пред освојување и може да биде земен во следните неколку месеци“, истакна Трамп.

    Русија моментално контролира 99% од Луганск и околу 75% од Доњецк, кои го сочинуваат Донбас. Владимир Путин инсистира украинските сили целосно да се повлечат од Донбас, додека Трамп предлага формирање слободна економска зона.

    Трамп кажа дека Русија и Украина се поблиску со мир од кога било, но и предупреди дека пропаѓањето или одолжувањето на преговорите би значело продолжување на војната.

    Русија покажа мал интерес за прекин на огнот што би овозможил да се одржи референдум во Украина и ја разбирам таа позиција“, рече Трамп, кој пред средбата со Зеленски телефонски разговарал со Путин, за што не откри многу детали.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира