ДОЈАВИ ЗА 50 БОМБИ НА 12 ЛОКАЦИИ НИЗ БЕЛГРАД, НАЈМНОГУ ВО ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР „УШЌЕ“

    ДОЈАВИ ЗА 50 БОМБИ НА 12 ЛОКАЦИИ НИЗ БЕЛГРАД, НАЈМНОГУ ВО ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР „УШЌЕ“Во изминатите денови имаше неколку дојави за поставени бомби низ Белград (Фото: Ринжие)

    Дојави за поставени бомби на 12 локации низ Белград пристигнале на адреса на неколку српски медиуми, потврди и министерството за внатрешни работи. Српските медиуми јавуваат дека станува збор за 50 бомби.

    Во дојавите стоело дека девет бомби се поставени во еден студентски дом, 17 во трговскиот центар „Ушќе“ и девет на аеродромот „Никола Тесла“, од кои четири под автомобили на паркингот. Меѓу локациите на кои што наводно се поставени бомби се и Филозофски факултет, земунската болница, зградата на ректоратот и обложувалници.

    Дојавите биле проследени и со заканувачки пораки „дека ќе има крв до лакти“, објави весникот „Блиц“, на чиј мејл исто така пристигнале. Српскиот МВР објави дека увидот е во тек.

    Во изминатите денови имаше неколку дојави за поставени бомби низ Белград, за кои се покажа дека се лажни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира