ДОКАЗИТЕ НА ТРАМП ЗА ГЕНОЦИД НА БЕЛЦИТЕ ВО ЈУЖНА АФРИКА СОДРЖАТ СНИМКИ ОД КОНГО И ОД СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕ СО КРСТОВИ

    ДОКАЗИТЕ НА ТРАМП ЗА ГЕНОЦИД НА БЕЛЦИТЕ ВО ЈУЖНА АФРИКА СОДРЖАТ СНИМКИ ОД КОНГО И ОД СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕ СО КРСТОВИНа нивната средба во средата, Трамп го обвини Сирил Рамафоса дека во Јужна Африка се случува геноцид на белците (Фото: АП)

    Доказите за наводните масовни убиства на белци во Јужна Африка, што Доналд Трамп му ги презентираше на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса на нивната тензична средба во Белата куќа, содржат снимки од Демократска Република Конго и од спомен-обележје во вид на крстови.

    Ова се сѐ бели фармери кои биле погребани“, му кажа Трамп на Рамафоса, покажувајќи му копија од напис од весник.

    Сепак, фотографијата што го придружува написот е извадена од видео што агенцијата „Ројтерс“ го објави на 3 февруари и покажува хуманитарни работници како креваат вреќи за тела во конгоанскиот град Гома. Снимката била направена по тешките борби со бунтовниците од групата М23 кои се поддржани од Руанда.

    Спомен-обележјето за кое Трамп тврдеше дека прикажува гробови на повеќе од илјада бели фармери (Фото: Јутјуб)

    Трамп му се нафрли на Рамафоса и со видео кое наводно прикажува доказ за геноцид на белите луѓе во Јужна Африка. Трамп тврдеше дека на снимката се гробови на повеќе од илјада бели фармери означени со бели крстови. Снимката направена покрај пат што поврзува два мали града во Јужна Африка всушност прикажува спомен-обележје, а не гробови.

    Роб Хоутсон, кој го поставил обележјето, потврди за Би-Би-Си дека тоа не се гробови.

    Тоа беше обележје и тоа од привремен карактер. Беше поставено по убиството на двајца бели фармери во локалната заедница“, изјави Хоутсон.

    На нивната средба во средата, Трамп го обвини Рамафоса дека во Јужна Африка се случува геноцид на белците. Односите помеѓу двете земји се влошија откако Трамп се врати во Белата куќа, при што тој ја откажа помошта за Јужна Африка, го избрка нејзиниот амбасадор во САД и им понуди бегалски статус на припадниците на белото малцинство Африканери, заснован врз неоснованите тврдења за дискриминација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира