Денешниот погреб на Елизабета Втора е првиот државен погреб во Велика Британија од смртта на Винстон Черчил во 1965 година. Дел од церемонијата била испланирана од самата кралица, која избрала мисата да се одржи во Вестминстерската катедрала, што е прв таков случај од 18. век.
По смртта на кралот Џорџ Втори, мисите за сите следни монарси се одржувале во Виндзор.
Вестминстерската катедрала имала исклучително големо значење за кралицата, бидејќи тука се венчала и била крунисана.
Бидејќи е државен погреб, ќе го платат даночните обврзници, а колку чини, веројатно нема да биде објавено. „Њујорк тајмс“ објави дека ќе чини околу осум милиони фунти. Кралицата самата откри дека погребот на нејзината мајка во 2002 чинел 5,4 милиони фунти.
На мисата во Вестминстерската катедрала присуствуваат околу 500 монарси, претседатели и премиери од цел свет. Покана не добиле Русија, Белорусија, Мјанмар, Сирија, Венецуела и Авганистан, додека неколку земји се претставени само на амбасадорско ниво, како Иран, Северна Кореја и Никарагва.