ДВА ТОВАРНИ БРОДА СЕ СУДРИЈА ПОКРАЈ БРЕГОТ НА ШВЕДСКА, ЕДЕН СЕ ПРЕВРТЕЛ

    ДВА ТОВАРНИ БРОДА СЕ СУДРИЈА ПОКРАЈ БРЕГОТ НА ШВЕДСКА, ЕДЕН СЕ ПРЕВРТЕЛНа превртениот дански брод имало двајца луѓе (Фото: СВТ)

    Два товарни брода утрово се судрија во Балтичкото Море покрај брегот на Шведска, по што едно од пловилата се превртело, објавија шведските медиуми. Се стравува дека има луѓе во водата и во моментов трае акција на спасување.

    Еден брод е регистриран на Данска, а другиот е британски. Нејасно е како дошло до судирот и колку луѓе имало на двата брода. Инцидентот се случил во областа меѓу јужниот шведски крајбрежен град Истад и данскиот остров Борнхолм.

    Портпаролот на Шведската поморска агенција, Јонас Францен, изјави дека превртениот брод е дански и дека во неговата посада биле двајца луѓе, чија судбина е непозната. Британскиот брод и натаму бил функционален.

    „Примивме информации дека се слушаат вресоци од водата. Досега никој не е пронајден. Во тие води е многу мрачно и студено. Повикани се нуркачки екипи“, кажа Францен.

    Во потрагата се вклучија и хеликоптери и десетина чамци од Шведска и Данска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира