ДВАЈЦА ИТАЛИЈАНЦИ ЗАГИНАА ВО ИРАНСКИ НАПАД ВРЗ КУВАЈТ

ДВАЈЦА ИТАЛИЈАНЦИ ЗАГИНАА ВО ИРАНСКИ НАПАД ВРЗ КУВАЈТЗагинатите работеле како техничари за германската компанија за производство на оружје „Рајнметал“ (Фото: ДПА)

Двајца италијански државјани загинаа по ирански напад врз објект во Кувајт, соопшти италијанското министерство за надворешни работи. Оттаму додадоа дека станува збор за техничари кои работеле за германската компанија за производство на оружје „Рајнметал“.

Министерството за одбрана на Кувајт претходно соопшти дека четири лица биле повредени од шрапнели, откако биле пресретнати повеќе беспилотни летала од Иран.

„Експлозија предизвикана од напад со дрон се случи на локација каде што работеле двајца италијански техничари од компанијата ‘Рајнметал Италија‘. Тие работеле на одржување системи што ги користат вооружените сили на Кувајт“, објави италијанското МНР.

Последните напади помеѓу САД и Иран, како и застојот во преговорите, предизвикаа стравувања од сериозна ескалација на војната.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира