Две лица се убиени на третата ноќ од протестите во американскиот град Кеноша, кои почнаа откако полицијата го застрела Афроамериканецот Џејкоб Блејк и тешко го повреди.
Полицијата кажа дека три лица се застрелани ноќеска, но не даде други детали. Локалните медиуми објавија дека насилството произлегло од конфликтот помеѓу демонстрантите и вооружените лица кои чувале бензинска станица.
Најновите, на моменти и насилни протести во САД почнаа откако полицијата го застрела 29-годишниот Џејкоб Блејк во грб во неделата, при што се игнорираше воведениот полициски час во градот. Гувернерот на Висконсин, Тони Иверс, најави дека ќе испрати дополнителни припадници на Националната гарда во Кеноша со цел да се воведе ред.
Лекарите изјавија дека Блејк останал парализиран од здобиените повреди.
„Ќе биде потребно чудо за Блејк повторно да прооди“, изјави адвокатот Бен Крамп.