ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ И 16 ПОВРЕДЕНИ ВО САМОУБИСТВЕН БОМБАШКИ НАПАД ВО ТУРЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Анкара,(Мета)

    ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ И 16 ПОВРЕДЕНИ ВО САМОУБИСТВЕН БОМБАШКИ НАПАД ВО ТУРЦИЈА

    Автомобил бомба пред канцеларијата на гувернерот во турскиот град Адана уби двајца и повреди 16-мина, соопшти гувернерот за државните медиуми.

    Турскиот министер за ЕУ, Јомер Челик, преку својот твитер-профил соопшти дека експлозијата пред зградата на гувернерот во Адана е терористички напад.

    „Ќе продолжиме со нашата борба против тероризмот во име на човештвото“, напиша Челик.

    Според турската државна агенција „Анадолија“, станува збор за самоубиствен напад, извршен од жена. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира