Две лица загинаа, а други 28 се повредени во американскиот град Балтимор, соопшти полицијата. 18-годишна жена е пронајдена мртва на местото на настанот, а кај 20-годишен маж е констатирана смрт набргу по приемот во болница. Сите жртви се возрасни.
Портпаролот на полицијата Ричард Воели изјави дека три лица се во критична состојба.
Инцидентот се случил во областа Бруклин Хомс на југот од градот во државата Мериленд, каде што луѓето се собрале на настан наречен „Ден на Бруклин“.
Според „Фокс њуз“, испукани биле од 20 до 30 истрели. Засега нема детали за напаѓачот.