ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ НА КОНЦЕРТ ПОСВЕТЕН НА „АББА“ ВО ШВЕДСКА

    ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ НА КОНЦЕРТ ПОСВЕТЕН НА „АББА“ ВО ШВЕДСКАНесреќата се случи три дена пред излегувањето на новиот албум на „АББА“ (Фото: Гети)

    Две лица загинаа, а едно е повредено откако маж падна од седмиот кат во концертна сала во Шведска. Трагичниот инцидент се случи пред почетокот на трибјут концертот на „АББА“ во Упсала во близина на Стокхолм, на кој се собрале околу 1.000 фанови.

    Триесет минути пред почетокот, едно лице падна во отвореното фоаје во приземјето, удирајќи во двајца посетители, од кои еден загина на самото место, а другиот се здоби со повреди кои не се опасни по живот. Во инцидентот почина и лицето кое паднало. Полицијата не ги именуваше жртвите.

    „Примивме повик дека некој паднал или скокнал од голема височина. Работиме на тоа да утврдиме што точно се случило. Прерано е да се каже дали станува збор за криминално дело“, изјави портпаролот на полицијата Магнус Јансон.

    Несреќата се случи само три дена пред излегувањето на првиот албум на „АББА“ по 40 години пауза. Групата следната година ќе одржи и серија концерти, на кои членовите нема да бидат на сцената.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира