ДВЕ ЧЛЕНКИ НА НОБЕЛОВИОТ КОМИТЕТ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ ПОРАДИ ИЗБОРОТ НА АВСТРИСКИОТ ПИСАТЕЛ ХАНДКЕ

    ДВЕ ЧЛЕНКИ НА НОБЕЛОВИОТ КОМИТЕТ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ ПОРАДИ ИЗБОРОТ НА АВСТРИСКИОТ ПИСАТЕЛ ХАНДКЕСедумдесет и шестгодишниот Хандке е контроверзна личност, откако за време на војните во поранешна Југославија отворено им даваше поддршка на српскиот национализам и на Слободан Милошевиќ и дури одржа говор на неговиот погреб (Фото: АФП)

    Две членки на комитетот за Нобеловата награда за литература поднесоа оставки, од кои едната рече дека се спротивставува на ставот дека „литературата е над политиката“, во однос на контроверзиите со еден од годинашните лауреати, Петер Хандке.

    Австриецот е еден од најплодните современи европски писатели, но исто така и контроверзна личност, откако за време на војните во поранешна Југославија отворено им даваше поддршка на српскиот национализам и на Слободан Милошевиќ и дури одржа говор на неговиот погреб.

    Кристофер Леандоер и Ган-Брит Сундстром вчера ги објавија нивните одлуки да го напуштат комитетот на Шведската академија за Нобелова награда, во која беа назначени како надворешни членови со мандат од две години.

    Нивната оставка, која ја потврди Академијата, доаѓа на неколку дена пред свеченото доделување на Нобеловите награди, закажано на 10 декември, на годишнината од смртта на оновачот на наградата, Швеѓанецот Алфред Нобел.

    Леандоер изјави дека „нема трпение“ да ги чека внатрешните реформи кои Академијата ги најави после скандалот со силување, кој беше објавен во 2017. По скандалот, Шведската академија го одложи доделувањето на наградата за литература, и затоа годинава заедно ќе се доделат за 2018 и за 2019.

    Сундстром наведе листа на причини за нејзината оставка, вклучувајќи го и доделувањето на најпрестижната светска награда на Хандке.

    Таа рече дека била среќна што учествувала во доделувањето на Нобеловата награда за литература за 2018 на полската поетеса Олга Токарчук, но дека била против изборот за Хандке.
    „Тоа не е моја иделогија“, изјави Сундстром.

    По објавувањето на одлуката на Нобеловиот комитет во октомври годинава, групата „Мајките на Сребреница“, која ги обединува роднините на жртвите на најголемиот масакр во Европа по Втората светска војна, побара да се повлече одлуката. Косово, Албанија и ПЕН Америка исто така ја критикуваа одлуката на Нобеловиот комитет.

    „Никогаш не сум помислил дека би можело да ми се повраќа поради Нобелова награда“, кажа албанскиот премиер Еди Рама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира