ДВЕ ЛИЦА ГО ПРИЗНАА УБИСТВОТО НА ДВЕГОДИШНАТА ДАНКА ИЛИЌ, ОБЈАВИ СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВУЧИЌ

    ДВЕ ЛИЦА ГО ПРИЗНАА УБИСТВОТО НА ДВЕГОДИШНАТА ДАНКА ИЛИЌ, ОБЈАВИ СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВУЧИЌДанка Илиќ исчезна на 26 март во населбата Бањско Поле кај Бор, по што уследи масовна потрага

    Две лица се уапсени поради убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, објави српскиот претседател Александар Вучиќ. Судбината на девојчето од Бор беше непозната откако таа исчезна пред десетина дена, а случајот стана главна тема во целиот регион.

    Вучиќ кажа дека овие две лица признале дека ја убиле Данка.

    „Имам лоши вести за ова дете, за нашата Данка од Бор. Полицијата уапси две лица кои го извршиле убиството на Данка и колку што сфатив, тие го признале злосторството. Тие ја водат полицијата до местото каде што го фрлиле телото“, изјави Вучиќ на посебна седница на владата.

    За убиството на Данка се уапсени двајца 50-годишни работници на јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор. Според неофицијални информации, тие ја удриле и усмртиле Данка со службеното возило „фиат“, по што телото го ставиле во багажникот и го фрлиле на дива депонија кај Бор.

    Данка Илиќ исчезна на 26 март во населбата Бањско Поле кај Бор, по што уследи масовна потрага која донесе малку резултати. Потрагата се протегна сѐ до Виена, откако се појавија информации дека таа била видена таму, што потоа беше демантирано од австриската полиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира