Две лица се убиени во нападот со нож што се случи на Лондонски мост, при што напаѓачот е убиен од полицијата.
Лондонската полиција го окарактеризира инцидентот како терористички чин. Таа додава дека напаѓачот, кој починал на самото место, носел и лажен експлозивен прслук.
Видеоснимките покажаа случајни минувачи како се обидуваат да совладаат маж, по што тој е застрелан од полицаец. Извор од полицијата потврди дека две лица се убиени, но не даде други детали. Мотивите за нападот засега не се познати.
Лондонски мост веќе беше место на крвав напад, откако во 2017 година беа убиени осум луѓе.
Денешниот инцидент се случи кратко време откако британските власти го намалија степенот на опасност од тероризам во земјата.