ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ КИНЕСКИ БАНКИ ГО ОГРАНИЧИЈА ФИНАНСИРАЊЕТО ЗА КУПУВАЊЕ ОД РУСИЈА ОД СТРАВ ОД САНКЦИИ

    ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ КИНЕСКИ БАНКИ ГО ОГРАНИЧИЈА ФИНАНСИРАЊЕТО ЗА КУПУВАЊЕ ОД РУСИЈА ОД СТРАВ ОД САНКЦИИКина не ја осуди руската инвазија на Украина, но и не даде поддршка. (Фото: АФП)

    Неколку кинески државни банки го ограничуваат финансирањето за купување руски суровини од страв од санкции од Западот по руската инвазија на Украина, објави „Блумберг“.

    Најмалку две од најголемите кинески банки во државна сопственост, ИЦБЦ и Кинеската банка, го ограничија финансирањето за купување суровини од Русија. Кинеските банки ја донесоа одлуката од страв дека ако дозволуваат вакво финансирање, на тоа може да се гледа како поддршка за руската инвазија на Украина и носи ризик од санкции од САД и соjузниците, според објавата на „Блумберг“.

    Сепак, „Блумберг“ вели дека ова можеби е само привремено.

    ИЦБЦ е најголемата светска банка, додека Кинеската банка е најголема комерцијална банка во Кина за тргување со валути.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира