Грција го потврди првиот смртен случај од коронавирусот.
Министерството за здравство објави дека станува збор за 66-годишник, кој се заразил за време на патувањето во Израел и Египет минатиот месец. Тој починал во болницата во Патра, околу 200 километри западно од Атина.
Бројката заразени во Грција порасна на 99, од кои само двајца се наоѓаат на интензивна нега. Четворица од заразените се странски државјани.
Од почнувањето на заразата, на светско ниво починале 4.634 луѓе од КОВИД-19.