ЕДЕН УБИЕН И НАД 20 РАНЕТИ ВО ПУКАЊЕ НА ПАРАДАТА НА КОЈА СЕ СЛАВЕШЕ ТРИУМФОТ НА КАНЗАС СИТИ НА СУПЕРБОУЛОТ

    ЕДЕН УБИЕН И НАД 20 РАНЕТИ ВО ПУКАЊЕ НА ПАРАДАТА НА КОЈА СЕ СЛАВЕШЕ ТРИУМФОТ НА КАНЗАС СИТИ НА СУПЕРБОУЛОТПолицијата кажа дека пукањето не е поврзано со тероризам, туку станува збор за расправија која станала насилна (Фото: АП)

    Едно лице е убиено, а над 20 се ранети во пукање во Мисури, на парадата на која се славеше триумфот на Канзас Сити Чифс на Супербоулот. Официјални лица изјавија дека осуммина од ранетите се во тешка состојба.

    Уапсени се три лица во врска со пукањето, кое се случи близу железничката станица во центарот на Канзас Сити, каде што во тој момент беа собрани илјадници фанови за да го проследат крајот на парадата.

    Според локалните медиуми, фудбалерите на Чифс и натаму беа на бината кога почна пукањето. Тогаш настана хаос, во кој и градоначалникот и неговото семејство мораа да бегаат да се засолнат.

    Повеќе од 800 полицајци веќе беа распоредени низ градот поради парадата. Полицијата отвори истрага, но кажа дека пукањето не е поврзано со тероризам, туку станува збор за расправија која станала насилна. Мотивот и натаму се истражува.

    Меѓу ранетите се девет деца на возраст од шест до 15 години, а локално радио објави дека е убиена една негова водителка. Од Канзас Сити Чифс соопштија дека нема повредени членови на тимот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира