ЕДЕН УБИЕН ПО ГРАБЕЖОТ НА 10 МИЛИОНИ ЕВРА НА АЕРОДРОМОТ ВО ТИРАНА

    ЕДЕН УБИЕН ПО ГРАБЕЖОТ НА 10 МИЛИОНИ ЕВРА НА АЕРОДРОМОТ ВО ТИРАНААвион на „Аустријан ерлајнс“ бил нападнат на аеродромот во Тирана непосредно пред да полета за Рим (Фото: АФП)

    Осомничен лидер на банда е убиен по драматичниот напад на авион на „Аустријан ерлајнс“ на пистата на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана.

    Авион од типот „ербас“ беше подготвен за полетување, кога се појавиле неколку лица со „калашникови“. Тие влегле во авионот и се верува дека оттаму украле плен во вредност од околу 10 милиони евра. Бандата побегнала, но потоа налетала на полициска патрола, по што дошло до престрелка.

    Албанските медиуми објавија снимки од бело комбе со ознаки на даночната агенција како доаѓа на пистата, пред да се случи грабежот вчера околу 15 часот. Се верува дека маскираните криминалци имале информации дека големо количество пари е натоварено во авионот, кој требало да полета за Виена. Медиумите информираат дека грабежот траел три-четири минути, при што бил украден поголемиот дел од парите.

    Кратко време по бегството, бандата се соочила со полиција, а во престрелката, еден од тројцата криминалци бил убиен. Комбето подоцна било пронајдено запалено.

    „Го елиминиравме лидерот на бандата. Сите учесници во грабежот се идентификувани“, изјави вицепремиерот на Албанија, Ерион Браче.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира