ЕДЕН ЗАГИНАТ И ЧЕТВОРИЦА ИСЧЕЗНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ХЕМИСКА ФАБРИКА ВО ЛЕВЕРКУЗЕН

    ЕДЕН ЗАГИНАТ И ЧЕТВОРИЦА ИСЧЕЗНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ХЕМИСКА ФАБРИКА ВО ЛЕВЕРКУЗЕНПожарот зафатил цистерни кои содржат хемикалии (Фото: ДПА)

    Едно лице загина, а најмалку 16 се повредени во експлозијата во хемиска фабрика во германскиот град Леверкузен. Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата, по која изби пожар во тамошната индустриска зона. Градските власти потврдија дека пожарот зафатил цистерни кои содржат хемикалии, но тој во меѓувреме бил изгаснат.

    Федералната агенција за цивилна заштита и помош при катастрофи ја означи експлозијата како „екстремна закана“.

    Компанијата „Курента“, во чии погони се случила експлозијата, објави дека четворица работници се водат како исчезнати. Исто така, четворица од повредените се во сериозна состојба.

    Од индустриската зона ги предупредија жителите на Леверкузен да не излегуваат надвор и да не отвораат прозороци и врати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира