ЕДЕН ЗАГИНАТ ОТКАКО СЕ УРНА СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ИСТАНБУЛ ЧИЈ ПОСЛЕДЕН КАТ БИЛ ДИВОГРАДБА

    ЕДЕН ЗАГИНАТ ОТКАКО СЕ УРНА СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ИСТАНБУЛ ЧИЈ ПОСЛЕДЕН КАТ БИЛ ДИВОГРАДБАЗградата е изградена пред 36 години, а по изградбата незаконски се доградени еден и пол кат. (Фото: Хуријет)

    Станбена зграда се урна денеска во истанбулскиот кварт Кучукчекмеџе, при што загина еден жител заробен под урнатините, а спасени се осум лица. Трикатницата се урнала околу 8:40 часот по локално време, а покрената е истрага за да се утврди причината. Во приземјето на зградата имало продавница, на горниот кат канцеларија, додека семејствата живееле на средните катови.

    Во писмената изјава, министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени Мехмет Озасеки потврди дека зградата е изградена пред 36 години, а по изградбата незаконски се доградени еден и пол кат.

    „Првичните инспекции на лице место укажуваат дека зградата, изградена во 1988 година, е изградена без придржување кон архитектонски и инженерски стандарди, користејќи морски песок во нејзината изградба и последователни интервенции кои го загрозиле структурниот интегритет на зградата“, рече Озасеки.

    Спасувачките екипи и пожарникарите набрзо по инцидентот успеале да извлечат седум лица од урнатините. Снимките од камерата од другата страна на улицата покажаа дека патниците кои чекале да се качат во јавен минибус во моментот на уривањето за влакно се спасиле од урнатините.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира