ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ВО ОСНОВНИОТ СУД ВО ПОДГОРИЦА

    ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ВО ОСНОВНИОТ СУД ВО ПОДГОРИЦАБомбата била активирана на влезот во зградата (Фото: Вијести)

    Едно лице загина во експлозија во Основниот суд во Подгорица, а пет се повредени, од кои едно потешко. Весникот „Вијести“ објави дека загинатиот е 39-годишен маж, кој активирал бомба на влезот во зградата.

    „Во 11:35 часот добивме дојава дека во зградата на Основниот суд била активирана експлозивна направа. Утврдивме дека смртно настрада лицето кое ја активирало направата, а има и пет повредени“, изјавија од криминалистичката полиција.

    Управата на полицијата на Црна Гора соопшти на Твитер дека најверојатно станува збор за рачна бомба.

    Во моментот на експлозијата, во судот имало голем број луѓе. Од полицијата кажаа дека бомбата била активирана во просторот меѓу двете стаклени врати на влезот во зградата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира