Едно лице загина, а повеќе се повредени во експлозија во петрохемиската постројка на унгарскиот енергетски гигант „МОЛ“ во Тисаујварош во источниот дел на земјата. Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави фотографија од инцидентот, на која се гледа огромен црн чад како се издигнува од постројката.
„Пожарот е локализиран, но интервенцијата продолжува. Околностите на инцидентот се истражуваат“, соопшти „МОЛ“.
Според министерот за економија Иштван Капитани, компресор експлодирал за време на рестартирањето на еден од погоните, по што избувнал пожар, што и натаму се гасне. Тој додаде дека еден од повредените е во животна опасност со сериозни изгореници.



